Вести Економија Македонија

Синдикатите бараат зголемување на минималната плата на 600–700 евра

Цените на основните производи во Македонија продолжуваат да растат, а минималната плата останува на 397 евра до март 2026 година.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија, оваа плата не овозможува пристоен живот, бидејќи за семејство во изнајмен стан се потребни над 80.000 денари месечно.

Синдикатите предупредуваат дека сегашната политика е неодржлива и бараат итно зголемување на минималната плата, како и корекција на платите во јавниот сектор.

Анкетата на ССМ покажува дека над 99 отсто од работниците сметаат дека платата мора да се зголеми веднаш, а повеќе од половина се подготвени за протести и генерален штрајк… Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нагласува дека работниците ја создаваат профитабилноста на компаниите и дека тврдењата на дел од работодавачите за неможност за зголемување на платите се неосновани.

Меѓувреме, соседните земји најавуваат значителни зголемувања на минималните плати, додека во Македонија функционерските плати бележат раст од 79 проценти. Нотираат од ССМ. Трендафилов предупредува дека доколку Владата не реагира, ССМ е подготвен да организира 24-часовен генерален штрајк низ целата земја за заштита на работничките права.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе