Вести Македонија Топ вести

(видео)Венко Филипче во Директно: Вечерва закажавме Извршен одбор, ќе побарам од сите членови да се повлечат, на следниот Централен се избира нов состав

Во вечерашната емисија „Директно“ претседателот на СДСМ, Венко Филипче го најави вечерашниот Извршен одбор на кој ќе бара оставки од досегашните членови.

„Направивме анализи внатре во партијата насекаде, каде резултатите беа различни. Имаше општини каде потрфливме, но и каде покажавме резултати. Врз основа на сите анализи и разговори, работа и дооформување на стратегија на работа на партијата, веќе денес, односно вечерва ќе имаме Извршен одбор на којшто ќе побарам сите членови да се повлечат и на еден од следните состаноци да се избере ново раководство и нов состав на партијата“, изјави Венко Филипче.

Тој посочи дека ќе се бараат најдобри и најкомпетентни  луѓе за да се спроведе програмата на партијата.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе