Најголемиот производител на струја, ЕСМ подигна нов кредит од околу 60 милиони евра од три домашни банки. Рокот за враќање на кредитот е 10 години. Кредитот, со грејс период од две години, е веќе одобрен на „Електрани“.
За една година, ова е трет кредит кој од домашните банки го зема државната ЕСМ. Претходно беше подигнат заем од околу 110 милиони евра.
Инаку состојбата во „Електрани’“ веќе извесен период не е најдобра и заклучно со септември, компанијата има загуба од над 90 милиони евра. За домаќинствата и малите потрошувачи понуди за три евра поскап мегават за универзалниот снабдувач, односно ќе ја продава струјата за оваа категорија по 65 евра. Ова е далеку пониско од производната на ЕСМ која надминува 100 евра, па останува да се види како „Електрани“ ќе функционира со ваква продажна цена.
