Вести Свет

Русија ја забрани работата на „Хјуман рајтс воч“

Русија ја забрани работата на организацијата „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), ставајќи ја на списокот на „непожелни организации“.

Оваа одлука значи дека ХРВ мора да ја прекине работата во Русија, како и дека нивните соработници или симпатизери може да бидат кривично гонети.

На списокот на „непожелни организации“ во Русија се наоѓаат повеќе од 275 организации, меѓу кои се и Радио Слободна Европа, истражувачкиот центар Четам Хаус (Chatham House), антикорупциската група Транспаренси интернешенел (Transparency International) и организацијата за заштита на животната средина WWF.

Основана во 1978 година, организацијата ХРВ ги следи и истражува кршењата на човековите права во земјите ширум светот.

Исто така, отворено се противи на руската инвазија врз Украина и неодамна објави истрага за тоа како руските сили користат дронови за намерно ранување и убивање цивили кои живеат во Херсонската област во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе