Виктор Орбан, најблискиот европски сојузник на шефот на руската држава, Владимир Путин, денеска во Москва изрази надеж дека последниот предлог за мир во Украина ќе биде успешен и ќе доведе до прекин на насилствата.
Орбан, кој во Кремљ разговараше за обезбедување на руските фосилни горива за својата земја, оцени дека Унгарија, како сосед на Украина, трпи големи економски штети од војната.
Од своја страна, Путин му се заблагодари на Орбан дека изрази подготвеност да биде домаќин на потенцијалниот самит меѓу него и американскиот претседател, Доналд Трамп.
Ова е втората посета на Орбан на Москва од минатата година.
Унгарија е најголемиот увозник на нафта и гас од Русија во Европската Унија а Орбан се противи и на обидите на Европската Унија да ја намали зависноста на своите 27 земји членки од руските енергенси.
Н.И
