Обилните дождови во западниот дел на земјата предизвикаа опасно свлечиште во селото Шипковица, при што директно се загрозени четири семејни куќи.
Поради состојбата на терен итно беше активиран Кризен штаб на Општина Тетово, а на терен излегоа екипи на ЦУК, СВР Тетово и градежни инспектори за проценка на ситуацијата и со инструкции за локалното население.
Жителите на погодените домови се повикани да ги напуштат своите куќи поради висок ризик од нови свлечишта. Состојбата на теренот останува нестабилна, а прогнозите најавуваат дополнителни врнежи што може дополнително да ја влошат ситуацијата.
Надлежните служби преземаат мерки за заштита и стабилизација на критичните зони.
