Вести Македонија Најважни

Муртезани: Се работи на уставните измени, но прво да се врати доверба со Бугарија

Се работи на спроведување на уставните измени, кои се преземена обврска на земјава, но прво треба да се воспостави дијалог со Бугарија и македонската страна да се обезбеди дека нема да има нови блокади од Софија. Ова го соопшти министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, како коментар на изјавата на американската амбасадорка во земјава, анџела Агеле, која пред два дена изјави дека е 100 проценти сигурна дека се работи на уставните измени.

„Во моментов не може да зборуваме за процес на уставни измени кога сите тие наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани, а за да бидат адресирани треба да се воспостави дијалог, редовен, да се врати довербата меѓу двете соседски земји за да може на европски начин да градиме заедничка европска иднина“, рече Орхан Муртезани, министер за европски прашања.

Муртезани иако рече дека се работи на уставните измени, не кажа дали во игра за надминување на проблемот со Бугарија е потпишување на трет протокол во рамки на Договорот за добрососедство, кој се почесто се споменува како можен излез од блокадата на евроинтеграциите.

„Во моментот се правата напори за воспоставување на дијалог и градење на доверба, а секако потоа ќе стане збор за можните начини за надминување на проблемот“, рече Муртезани.

Муртезани денеска беше домаќин на шведска колешка, Јесика Розенкранц, која пред посетат на Скопје за Шведскотот радио изјави дека некои членки на ЕУ го злоуотребуваат ветото.

„Додека Унијата се обидува да го забрза проширувањето, некои земји го злоупотребуваат правото на вето во ЕУ“, рече Јесика Розенкранц, министерка за европски прашања на Шведска за шведското радио.

Во Скопје пак пораката и беше земјава треба да ја искористи моменталната енергијата меѓу членките на ЕУ за проширување и да се надмине спорот.

„Ние го поздравуваме и поттикнуваме секој дијалог кој може да биде постогнат во овој контекст. Што се однесува до процесот како таков, Шведска е многу јасна, дека во моментот кога уставните измени ќе се спроведат на ЕУ и на земјите-членки е да го почитуваат Договорот кој е направен и формално да ги започнат преговорите за членство, најбрзо што е можно откако уставните измени ќе се направат“, рече Розенкрац.

Таа повика и на спроведување на реформите во земјата, особено во судството и борбата против корупцијата, исто така како едени од условоте за членство.

Тамара Грнчароска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе