Вести Македонија Најважни

Бактерии во чешми и во храна во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Во мусаката што ја јаделе учениците и на три чешми во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се пронајдени фекални ентеробактерии кои предизвикуваат стомачни тегоби. Кај една вработена во кујната е откриена и стафилокока во носот, а кај едно дете хоспитализирано на Детската клиника е детектиран норовирус. Ова го покажуваат првичните резултати од испитувањето во ООУ „Димо Хаџи Димов“, од Инсититутот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Сè уште не можеме да заклучиме каде е проблемот, бидејќи се уште траат испитувањата. Но, од она што досега беше испитано најдено е дека една од вработените има во носот стафилокока, на три чешми е најдена ентеробактерија, а кај едно од децата е пронајден норовирус. Така да за да утврдиме навистина за што станува збор треба да ги почекаме конечните резултати“, истакна Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ. 

Директорката на училиштето кажа дека вечерва и викендов ќе се врши целосна дезинфекција, за да не се случи бактериската епидемија да продолжи. Најверојатно од понеделник наставата ќе се одвива тековно.

Во меѓувреме анализите на водата во училиштето покажале дека водата е безбедна за пиење и не е извор на симптомите кај учениците. Според резултатите, сите земени примероци се во рамки на пропишаните стандарди.

„Секторот за санитарна контрола зема четири примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа. Од добиените резултати сите примероци одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење. При што констатираме дека водата  во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Случајот започна пред два дена, кога голем број ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ пријавија повраќање, дијареа и стомачни болки. Кујната беше веднаш затворена, а инспекциските служби земаа мостри од храната, водата, површините и вработените. Досега до ИЈЗ има 29 пријави од ученици и една наставничка. Неколку деца се сместени на Детската клиника и тие се во добра здравствена состојба. Здравствените власти ги повикаа сите кои имаат симптоми да отидат на преглед кај матичен лекар.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе