Вести Македонија Најважни

Пoд силно полициско обезбедување почна судењето за убиството на турски државјанин во Штип

Под силно полициско обезбедување и со големо присуство на јавноста како и роднини на обвинетите кои пристигнаа од Турција денеска започна судењето за петмина турски државјани обвинети за убиството на Енес Оздемир, турски државјанин, кое се случи на Градскиот плоштад „Слобода“ во мај годинава.

Наместо во салата на Основниот кривичен суд во Штип рочиштето се одржува во големата судница на апелацискиот суд. Основното јавно обвинителство-Штип поднесе обвинение на 4 октомври по завршената истражна постапка.

Еден од обвинетите се товари за директно извршување на убиството и за неовластено држење на оружјето, тројца му помогнале во делото, додека една обвинета се товари за помагање по извршувањето на кривичното дело.

Првообвинетиот, 21-годишник без регулиран престој во Македонија, наводно го убил Оздемир со пиштол со избришани податоци за модел и сериски број, додека седеле во кафе бар во центарот на Штип. Според обвинението, тројцата помагачи му обезбедиле логистичка поддршка – сместување, транспорт до Штип и набавка на оружјето.

Судскиот процес ќе го утврдува степенот на нивната одговорност и околностите околу извршувањето на убиството. Одбраната денеска побара преиначување на кривичното дело за првообвинетиот и приложи нови докази пред судот. Бараат да се преиначи кривичното дело во делото убиство на миг.

Викторија Димитрова Јованова

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе