Имаме случаи, во Граѓанскиот суд конкретно, каде што судиите сами купуваат хартија, бидејќи немаат хартија за да ги испечатат пресудите и да им ги дадат на граѓаните, рече Ивана Петковска во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Стручната служба треба да биде зајакната. Ние моментно имаме Стручна служба во судството која е речиси на минимална плата во државата, а се бара да бидат квалификувани соодветно правници, бидејќи на крајот на денот ги пишуваат пресудите, работат во судот и имаат голема одговорност во нивната работа. Меѓутоа, знаете како, многу е лоша ситуацијата и сликата кога ќе влезете во судница и кога ќе го видите знамето на државата кое што е избледено и не е црвена боја, туку розова боја. И прашината во ходниците и достоинството дека влегувате во суд и тоа е судска власт“, истакна Петковска.
С.Д.
