Казни ќе има од први декември за сите кои нема ја почитуваат забраната за одлагање на отпад во пропишаниот временски период.. Надлежните апелираат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, а прекршоците нема да се толерираат.
И загадениот воздух, отпадот, депониите, сообраќајниот хаос и дивоградбите – маките што скопјани со години ги трпат – ќе се решаваат, но Ѓорѓиевски вели дека дел од процесите ќе потраат.
Денеска се одржа првиот координативен состанок на градоначалникот со сите градоначалници од скопските општински. Ѓорѓиевски уверува дека ваквата соработка, чија цел е побрзо решавање на проблемите на граѓаните, ќе продолжи и во иднина, со најмалку еден состанок на секои 40 дена, за заеднички да се надминуваат предизвиците.
Симона Петровска
View this post on Instagram
