Вести Македонија

Тројца членови на Комисијата за избор на судија во Стразбур треба да се изземат при гласање за тројца кандидати- ДКСК одлучи дека постои потенцијален судир на интереси

Поради потенцијален судир на интереси, во гласање за тројца кандидати за судии во ЕСЧП во Стразбур-треба да се изземат од гласање за тројца членови на Комисијата за избор, одлучи Антикорупциската комисија. Меѓу оние што треба да се изземат е и претседателот на Уставниот Суд, Дарко  Костадиновски.

Костадиновски, кој е председател на комисијата за избор, е во потенцијален судир на интереси со кандидатот проф. д-р Сашо Георгиевски, којшто му бил ментор на докторски студии. ДКСК наложи Костадиновски да се изземе од гласањето за Георгиевски.

Членот на Комисијата  Ирена Трајковска Стрезовски, која е директорка на Академијата за судии и јавни обвинители е во потенцијален судир на интереси со двајца кандидати, Илир Исеини, кој на Трајковска и е заменик директор во Академијата, како и со кандидатот Али Алиу, член на Управен одбор на Академијата,

За истите двајца кандидати, Исеини и Алиу, во потенцијален судир на интереси е членот на комисијата за избор Бесник Авдија затоа што е претседател на Управниот одмор на Академија за судии и јавни обвинители.

Трајковска- Стрезовска и Авдиу треба да се иземат при гласањето за двајцата кандидати, одлучи ДКСК. Одлуката на ДКСК е донесена во согласност со праксата на ЕСЧП, за којшто се врши избор на судија од Македонија.

Во потесен избор за судија во Стразбур се вкупни 11 кандидати, а изборот ќе се изврши на 24-ти ноември.

Претседателот на комисијата за избор, односно претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски претходно барал изземање кое не било усвоено од неговите колеги во комисијата. Но, по денешната одлука треба да следи изземање на Костадиновски при гласање за еден кандидат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Платите во Армијата и во МО не се зголемени две години – Мисајловски: Ќе растат во наредниот период

Sasko Dimovski

Oбвинувања за предавство, закани со затвор и опсесија со голи функционери – пратенички прашања во собранието

Sasko Dimovski

Далекуводи без имотни листови и казнени камати на одобрени заеми – ревизорски извештај за работењето на МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе