Во Косово денеска се одржува вториот круг од локалните избори во 18 општини, меѓу кои и главниот град Приштина, откако во првиот круг на 12 октомври не беа избрани градоначалници.
Во преостанатите 20 општини, локалните власти беа избрани уште во првиот круг.
Според Централната изборна комисија, гласачките места се отворени навреме на сите локации, а на избирачкиот список се запишани 1.316.672 гласачи.
За лицата со посебни потреби, ЦИК организира и гласање преку мобилни тимови.
Во Приштина за градоначалничката функција се натпреваруваат актуелниот градоначалник Парпарим Рама од Демократскиот сојуз на Косово и Хајрула Чеку од движењето „Самоопределување“.
Косовското обвинителство распореди 80 обвинители во општините каде што се гласа, со цел навремено постапување при евентуални неправилности.
Полицијата, пак, има активиран посебен оперативен план и дополнителни сили на терен за обезбедување на редот и безбедноста на изборниот процес.
