Вести Свет

Супертаjфунот „Фанг-вонг“ во налет кон Филипините – властите наредија масовни евакуации

Супертајфунот „Фанг-вонг“ – најсилниот што ја погодил земјата оваа година –почна да го зафаќа североисточниот брег на Филипините, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Со ветрови до 185 километри на час и удари до 230 километри на час, тајфунот предизвика прекини на електрична енергија, а десетици илјади жители беа евакуирани во побезбедни подрачја.

Властите предупредија милиони луѓе да ги напуштат ризичните села, додека државниот метеоролошки завод најави дека невремето ќе ја погоди областа меѓу провинциите Аурора и Исабела, и може да зафати две третини од архипелагот со својот широк појас на дожд и ветер.

Тајфунот пристигнува во момент кога земјата сè уште се опоравува од разорниот тајфун „Калмеги“, кој претходно неделава однесе најмалку 204 животи во централните делови на Филипините.

Поради големите штети и новата закана, претседателот Фердинанд Маркос Џуниор прогласи вонредна состојба, додека училиштата, државните институции и летовите во северните провинции се затворени или откажани.

Над 6.600 патници и работници се заглавени во најмалку 86 пристаништа, откако крајбрежната стража забрани пловење поради опасно високите бранови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе