Вести Македонија

Луѓето клучни за опстанокот на Балканскиот рис во Македонија

Цело општество треба и може да придонесе балканскиот рис, едно од најретките и најкритично загрозени диви животни во Европа, да го одржи својот опстанок во Македонија, нагласуваат стручните лица во оваа дејност. Луѓето треба да внимааат и да не се уништуваат шумите, кои се природни живеалишта на рисот. Секоја девастација на планините со градби но и недозволен лов на дивите животни, предизвикуваат опасност по овој редок вид.

Населението коешто живее во планинските предели на пример на Шара овдека може да помогне со тоа што нели одржливо ќе ги користат природните ресурси пред се. Тука зборувам и на собирање на шумски плодови, ловот нормално да биде одржлив, кога ловна сезона тоа што треба да се лови, колку што треба да се лови, тоа е многу значајно, не само за вознемирување, туку и за да има доволно плен за рисот. Така да помошта е со тоа што ќе бидат одржливи во начинот на којшто го искористуваат своите природни ресурси.

Рисот како вид е тешко да се забележи, значи тоа е… работи сам, она што ние го гледаме е неговиот плен – дивокозата, срната како главни видови коишто се негов плен. Ja пратиме (следиме) нивната популација. Полека расте и таа популација и се грижиме да неговиот хабитат не биде прекинат и вознемируван за да може да се одвива тој процес на репродукција.

На планините пред се западниот дел од државата се проценува дека има околу 40-тина единки. Присуството на рисот овие 20-тина години се евидентира со видео камери поставени на десетици места во националните паркови Шар Планина, Маврово, но и на Илинска планина, Јабланица, Галичица и заштитеното подрачје Јасен.

Што значи дека рисот во Западна Македонија го има, меѓутоа ете густината не е толку голема. Се работи од прилика за 1 единка на 100 километри квадратни што кажува на неговите потреби, еколошки и на тоа колку се движи, какви му се неговите потреби во однос на храна, размножување и така натака.

Минатата 2024 година ренџерска служба на националниот парк Шар Планина со камера го лоцираше рисот на локацијата Долна Лешница.

Горди сме на таа работа. Продолживме и оваа година. Меѓутоа, за жал оваа година не успеавме да го фатиме на камера. Успеавме да најдеме измет и отпечатоци, значи траги од него, стапалки.

Македонското еколошко друштво уште од 2006 година, веќе две децении спроведува голем број активности во насока на заштита во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“.

Годинава дел од проектните активности се насочени и кон промоција и подигање на јавната свест.  Во повеќе подрачја се организираа и изложби со фотографии со цел граѓаните да се запознаат со животот на ова ретко животно кое го има и на монетите од еден денар.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе