Вести Свет

Дронови забележани над „Еуро Спејс“ Центарот

Неколку дронови повторно се забележани во последните часови над Белгија. Најголем број пријави доаѓаат од Флорене, а дронови биле забележани и над аеродромите во Брисел и Лиеж, каде што поради безбедност во неколку наврати во прекин беше воздушниот сообраќај.

Покрај аеродромите, дронови биле забележани и во Либин, во близина на „Еуро Спејс“ Центарот. Засега нема информации за тоа дали тие претставуваат закана или се дел од организирани активности.

Властите во Белгија ги следат случувањата и апелираат до граѓаните да не се приближуваат до летачките објекти и да пријавуваат секакви сомнителни активности.

Нагласуваат дека воздушниот сообраќај ќе продолжи да се регулира според потребата за безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе