Во вечерашната Топ Тема Мирослав Гроздановски од Министерство за дигитална трансформација на прашањето што е во моментов пречката – технологијата, финансиите или регулативата, рече дека веќе постои каталог на услуги каде што е пропишано кои документи се бараат, дали услугата се испорачува електронски или на шалтер.
- При дигитализација на секоја услуга се започнува со оптимизација и се наведува кои од тие документи и докази се навистина потребни при испорака на услугата, кои од тие документи може да се набават по службена должност и преку платформата за интероперабилност со цел да не се дигитализира хаосот кој веќе постои, кој е насобран години наназад. Оние услуги кои се веќе дигитализирани таа оптимизација веќе се прави и имаме над 300 достапни услуги на порталот додека пак за 1.500-700 постојат податоци кои документи се потребни и како услугата може да се добие, рече Мирослав Гроздановски – Министерство за дигитална трансформација.
Во однос на податочниот центар ова министерство, рече Гроздановски, веќе објавило набавка за физибилити студија за изградба на тој податочен центар каде што ќе се колоцира целата опрема на органите на државната управа, кои се околу 130 на број, а околу 1.360 институции се на број, дел од нив се градинки, театри… некои немаат податочни центри но има и солиден број кај кои тоа го има.
