Откако еврокомесарката за проширување, Марта Кос, беше кратка и јасна дека вистински напредок не е забележан во изминатата година во Северна Македонија презентирајќи го најновиот Извештај за напредоокт на земјава кон ЕУ, евроамбасадорот, Михалис Рокас, денеска со малку поблаг тон го презентираше несработеното од реформите од страна на Македонија во изминатите 12 месеци.
„Споредено со лани, како што рече премиерот, некаков напредок е направен, но тоа ја подвлекува потребата од возобнување на напорите и посветеноста низ цеиот политички спектар“, изјави Рокас.
Но, откако ја пофали земјава дека е посветена на европскиот пат, тој не го одмина делот од Извештајот за клучните области каде нема напредок.
„Не е постигнат напредок во судските реформи и борбата против корупцијата. Тоа останува суштниски. Тоа не сe само рефеферентни точки, туки и основа за довербата на граѓаните и за европската иднина на земјата. Трета година по ред во оваие област ние немаме значаен напредок“, рече Рокас.
Токму поради тоа, Рокас побара да се обнови посветеноста кон реформите и да се направи разлика. Побара да се обезбеди финансиска независност на судството, ослободено од влијанија, што би ги придвижило реформите напред.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, почна да го презентира Извештајот од областите каде Македонија има забалежан одреден или ограничен напредок, од вкупно 33 поглавја по кои се оценува Македонија дали спровела реформи.
Областите каде Македонија нема направено напредок, премиерот ги оцени како предизвици.
Мицкоски притоа ги наведе мерките кои планира владата да ги преземе од сега па во динина да ја смени статус-кво состојбата во овие области.
Мицкоски зборувајќи за Извештајот не ги спомена уставните измени, иако порака вчера од Брисел беше јасна, дека Македонија мора да ги спроведе, согласно заклучоците на Советот од 2022 година, за да напредува на својот пат кон ЕУ, но затоа евроамбасадорот Рокас не пропушти да го повтори очекувањето на Унијата и за оваа преземана обврска од Македонија.
„Се чека напредок во уставните измени, но постои вистинска можност де се воспостави дијалог и да се придвижи напред во оваа клучна обврска“, рече Рокас.
Тамара Грнчароска
