Рускиот претседател Владимир Путин нареди на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и други државни институции да подготват предлози за можно обновување на нуклеарните тестови. Одлуката доаѓа по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела најави дека САД би можеле повторно да започнат со атомски тестирања по повеќе од три децении. Путин повтори дека Русија ќе изврши нуклеарни тестови само ако тоа прво го направат САД, но нагласи дека Москва мора внимателно да ги анализира намерите на Вашингтон. Тој потсети дека Русија неодамна успешно тестирала нови нуклеарно способни ракети и подводни дронови, додека Трамп во Јужна Кореја зборуваше за „еднакви услови“ со Русија и Кина. Иако американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека новите тестови нема да вклучуваат нуклеарни експлозии, загриженоста во меѓународната заедница расте.Договорот за целосна забрана на нуклеарни тестови формално останува на сила, но САД сè уште не го имаат ратификувано, а Северна Кореја е единствената земја што отворено го прекршила.
