Тајфунот Калмеги кој предизвика вистински пустош во централните региони на Филипините оваа недела, уништувајќи цели населби и присилувајќи десетици илјади луѓе да ги евакуираат своите домови.
Ова е најсмртоносниот тајфун кој ги зафати Филипините годинава, убивајќи најмалку 114 луѓе, додека уште поголем број засега се водат како исчезнати. Најголем дел од жртвите и уништувањето се во провинцијата Себу, позната како атрактивна туристичка локација на Филипините.
„Ги изгубив моите две деца, сопругот, таткото, мајката, децата на мојата сестра, две деца на мојот братучед и неговата мајка. Сите бевме на покривот, кога тој се сруши, сите паднавме долу и не однесе водата. Само четворица преживеа“ – изјави Криза Еспра, жителка на Филипините.
Спасувачите сега започнаа со огромната задача за отстранување на штетата, копајќи низ наносите земјиште и кал од нивните уништени домови, откако повлекувањето на водата покажало огромно уништување предизвикано од тајфунот.
Но, невреме и натаму останува огромна зака во регионот, додека се движи низ јужно-корејското море кон брегот на Виетнам. Сега веќе со силина споредлива со Ураган од 4-та категорија, со ветришта од над 210 км на час Калмеги се очекува ноќеска да удри во централен Виетнам, земјата каде се уште не се санирани последиците од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето по рекордно обилните дождови и повеќе бури кои ја зафатија државата.
Виетнам се подготвува за последиците кои може да ги предизвика невремето во неколку провинции во централниот дел од државата.
Повеќе од 350 000 луѓе се очекува да бидат евакуирани пред пристигнувањето на Тајфунот.
Н.И
