Вести Македонија

(Видео) Марковиќ за исходот на изборите: Идеолошко постоење на една опција и идеолошка испразнетост на друга

Доминација на една идеја врз друга, повеќе се работи за идеолошка битка, односно идеолошко постоење на една опција и идеолошка испразнетост на еден друг политички простор, е оценката на универзитетскиот професор Ненад Марковиќ за распределбата на гласовите на локалните избори изнесена во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Притоа тој втор политички простор кој не припаѓа на оваа демохристијанска десница е дополнително фрагментиран меѓу два или три различни ентитети кои воопшто не дуваат во ист рог. Или многу се слабо синхронизирани“, вели Марковиќ.

На ова, продолжи тој, се додава и моментот дека се создаде атмосфера дека е крајно непристојно опозицијата на релација ДУИ – СДСМ – Левица соработува на било кој начин.

„И со самото тоа да придонесе другиот помонолитен блок, кој нема никаков предизвик во овој момент, да направи еден ваков „џандар збира“, односно апсолутно да победи на сите фронтови“, вели Марковиќ.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе