Вести Македонија Најважни

Чист град и стабилен превоз – првите задачи на Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски го започнува мандатот како градоначалник на Град Скопје. Денеска го прими уверението од градската изборна комисија, во присуство на бројни службеници кои го пречекаа уште на портите.

Чистота и функционален јавен превоз – тоа ќе бидат првите задачи на новоизбраниот прв човек на главниот град.

Се заложи за консолидирање на јавните претпријатија и најави ревизија на работењето во изминатиот период. Вечерва започнува акцијата за „генералка“ на Скопје.

„Некаде околу 20 часот од пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат екипите спремни за да започнеме со чистење на градот во првите 72 часа, а веќе од утрешниот ден ќе ве известиме за следните активности коишто се поврзани со реорганизација на јавните претпријатија. Ние на многу позиции во градот Скопје имаме мини депонии во изминатиов период, коишто никој не ги истретирал. Мини депониите ќе бидат опфатени, ќе бидат сите микро локации каде што има контејнери, кантите од домаќинствата коишто со недели се чека да се испразнат, плоштадот не е испран години наназад, кејот“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје. 

Ѓорѓиевски најави интервентни мерки и во насока на стабилизација на јавниот градски превоз – најпрво краткорочни решенија, па потоа и долгорочни.

„Ќе бидат итно преземени чекори во насока на адаптирање на сите оние автобуси коишто со месеци стојат неисправни. Веќе утре ќе имам состанок со приватните автобуски превозници, некаде околу шеесетина автобуси ќе бидат пуштени во оптек, што на прв момент ќе го нормализира транспортот генерално, за да не дозволам студентите, средношколците, повозрасните лица, сите работници и целиот народ да поминуваат низ голгота во зимата, како што беше во изминатиот период“, дополни Ѓорѓиевски. 

Додаде и тоа дека ќе се направи детална анализа на состојбата во сите јавни претпријатија под надлежност на Град Скопје, со цел да се подобри нивната работа и транспарентност.

Во следните денови, Ѓорѓиевски ќе ги повика на средба и сите противкандидати за градоначалник, вели дека слушнал добри идеи во кампањата и подготвен е да прифати дел од нив.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе