Вести Македонија

Законските процедури ја кочат набавката на онколошки лекови

Сложени законски процедури се најчестите причини за недостиг на лекови на клиниките за Онкологија. Долгите админитративните постапки ги трпат најтешко болните чиј живот зависи од оваа терапија. Онкологија редовно се соочува со недостиг на одреден тип на лекови, во моментов ги нема цисплатин и таксол.  Од здружението „Хема Онко“ бараат итна промена на начинот на набавка на неопходната терапија.

„Мора да се промени законот и начинот на набавка. Можно е решението да биде овие постапки да се спроведуваат на годишно, тригодишно, па дури и петгодишно ниво — за лековите кои имаат подолг рок. Но неопходно е да се измени системот на тендери и критериумите за компаниите што аплицираат. Дополнителен проблем е што ниту Министерството, ниту Клиниката, ниту Фондот немаат можност самостојно да набават количини на недостасувачки лек, што укажува дека мора да се менува правилникот и законот“, вели Ана Марјановиќ, од здружението „Хема Онко“.

Од министерството за здравство се свесни дека постојат законски пречки и во набвката на тумор маркери, но министерот Алиу вели дека не бил запознаен дека во моментов недостига терапија на клиниката.

„За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да забрзате. И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, се со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба ре отворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лекови“, вели Азир Алиу, министер за здравство.

Дополнително, во болниците, особено во онколошките оддели, недостига медицински персонал, што го отежнува лекувањето и ја намалува ефикасноста на здравствената заштита.
Пациентите бараат трајно решение за редовно да им биде обезбедена неопходната терапија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе