Вести Македонија

Македонија каска во исполнување на задачите од поглавјата

Македонија направила промени во само едно поглавје и од оцена за подготвеност 3.09 во 2024, годинава се поместила за 0.1, со што нејзината подготвеност за членство во Европската унија во 2025 квантитативно е оценето со 3.1 или умерена подготвеност. Споредено со другите земји во регионот за нивото на подготвеност за членство, Македонија е во погорниот дел од табелата, дури и пред Албанија, чија подготвеност е оценета со 2.9, односно одредено ниво на подготвеност, но за разлика од Македонија, Албанија во изминатите 12 месеци направила промени во шест поглавја, односно од лани во октомври до денес таа отворила шест од кластерите во преговорите со ЕУ.

Што се однесува до напредокот кој секоја од земјите го направила од лани до годинава во политичките и економските критериуми, односно внатрешните реформи, Македонија не е поместена од место и доби оцена „три“ од Европската комисија, додека Албанија, Црна Гора, Молдавија добија петки, а Украина четворка. Македонија вчера од Европската комсиија беше ставена во група со Босна и Херцеговина и Косово, како држави во кои не е забележан вистински напредок во изминатата година.

Дел од политичките аналитичари сметаат дека влезот во таа група е најлошото решениe за Македонија.

Инаку Европската комисија на Македонија и нотира дека се потребни трајни и решителни чекори за да се забрза спроведувањето на сите реформи поврзани со ЕУ, надвор од оние од Реформската агенда, за да се продолжи напред во процесот на преговори за пристапување во ЕУ.

Секако, клучната забелешка ја дава за неспроведување на уставните измени за впишување на Бугарите во него.

Поранешниот амбасадор во Бугарија и поранешен пратеник, Марјан Ѓорчев, зборувајќи во емисијата „Директно“ на Телма, смета дека Македонија треба да ги усвои уставните измени, но со одложено дејство и како такви да и ги понуди на Европа, без оглед што ваков предлог веќе беше одбиен од ЕУ.

Инаку, во делот на реформите Комсијата за првиот Клaстер – Основите, на Македонија ѝ нотира дека треба да ги забрза реформите поврзани со ЕУ, да ја подобри парламентарната соработка, да се намали употребата на скратени процедури за носење на закони во Собранието, но и да се зајакне вклученоста на граѓанското општество. Во делот на реформата на јавната администрација се бара спроведување на донесените закони, но и целосна примена на Закон за организација и работа на органите на државната управа.

Во делот на почитување на фундаменталните права препораките се да се подобрат условите во затворите и промовирање на алтернативи на затворањето, да се зајакне улогата на Народниот правобранител и телата за борба против корупцијата, но и поддршка за децата од ранливите категории, Ромите и лицата со попреченост. Во делот на слободата на говорот, Македонија треба да го услогласи Законите за медиуми со стандардите на ЕУ, вклучително и Европскиот закон за слобода на медиумите, да спроведе реформа на јавниот радиодифузен сервис, но и да се справи со заканите против новинарите и одговорност за тоа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе