Вести Македонија

Кацарска во Топ Тема: Во извештајот на ЕУ утврдено е дека немаме никаков напредок во борбата против корупцијата

„Поглавјето 23 кое се бави со правосудството и човековите права нема напредок, апсолутно никаде на хоризонтално ниво во делот на правосудството клучните реформски закони беа дел и од реформската агенда, меѓутоа владата не успеа да ги донесе. Во голема мера сме свесни дека постојат на политичко ниво кои се повеќе од мешање во судството тоа го констатира самиот извештај и предупредува дека тоа не смее да биде пракса на сите нивоа“, истакна во вечерашната Топ Тема, Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ.

Според неа, втората точка поглавјето 24 – правда, слобода и безбедност кој што е во надлежност на МВР има послаб напредок од минатата година, според проценката на ЕК.

  • Ова е поглавје во кое ние сме стоеле традиционално добро поради минатиот труд. Ние денеска генерално ако се навратиме на визната либерализација 2008, 2009 бевме добриот ученик на голем дел од овие политики и предничевме доста долг период, но оваа година имаме помал напредок. Ако ги гледаме двете заедно тоа може да биде многу голем проблем доколку немате напредок во овие две поглавја, бидејќи ако таквата ситуација потрае ЕК може да ви го постави прашањето, како вие воопшто би ги спроведуваме преговорите, бидејќи дел од овој кластер ги креира основите на преговорите, смета Кацарска.

Таа истакна дека ако погледнеме подетално во поглавјето 23 за правосудството утврдено е дека немаме никаков напредок во борбата против корупцијата, тука се наведени случувањата во ДКСК и недонесувањето на кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе