Нееднаквоста во богатството станува глобална криза што ја загрозува демократијата и општествената кохезија, предупредува новиот извештај пред самитот на Г20, кој ќе се одржи на 22 и 23 ноември во Јоханесбург. Извештајот, предводен од Нобеловецот Џозеф Стиглиц, го споредува растечкиот јаз во богатството со климатската криза како глобален предизвик и повикува на системски реформи. Според извештајот, најбогатите еден процент поседуваат 41% од севкупното ново создадено богатство, додека 50% од најсиромашните добиле само 1%. Авторите предупредуваат дека во наредните три децении околу 1.000 милијардери ќе пренесат над 5,2 трилиони долари на своите наследници, што дополнително ќе ја продлабочи меѓугeнерационата нееднаквост. Како решенија се предлагаат праведна даночна реформа, повисоки придонеси од мултинационални компании и богатите поединци, разбивање на монополи и реструктурирање на долговите на земјите во развоj.
Г20: Нееднаквоста во богатството закана за демократијата
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
