Демократот и самопрогласен демократски социјалист Зохран Мамдани, 34-годишен пратеник од Квинс, победи на градоначалничките избори во Њујорк и ќе биде првиот градоначалник од муслиманска вероисповед кој ќе го води најголемиот град во САД.
Мамдани, кој до пред неколку месеци беше релативно непознат, ја доби довербата на гласачите со програма за зголемување на даноците за милионерите и финансирање на пошироки социјални програми.
Мамдани најави замрзнување на кириите за становите со стабилизирана рента и воведување брз и бесплатен јавен превоз. Тој воедно му одговори на претседателот Доналд Трамп, кој го нарече „комунист“ и се закани дека ќе го намали федералното финансирање на градот.
Победата на Мамдани се смета за голем успех на прогресивното крило на Демократската партија. Аналитичарите велат дека неговиот пристап – фокусиран на економски и социјални прашања, наместо само на опозицијата кон Трамп – може да биде нов правец за Демократите по серијата изборни порази на национално ниво.
