Вести Македонија

Тројца пратеници станаа градоначалници – Собранието констатираше престанок на мандатите

Тројца пратеници станаа градоначалници, а испразнетите пратенички места ќе се пополнат со следните имиња од кандидатските листи. По крајот на локалните избори, пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска стана градоначалничка на Општина Кисела Вода, Јане Мицевски е прв човек на Општина Сопиште, а Дејан Проданоски на Прилеп.

Собранискиот спикер, Африм Гаши на денешната седница го констатираше престанокот на мандатот на овие тројца пратеници.

„Со денот на верификација на мандатот за градоначалник на пратениците Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанува мандатот пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи пратениците што ги спомнав се избрани од листите на кандидатите, потребно е Државната изборна комисија да го извести Собранието за кандидатите од оваа листа на кои ќе им биде верифициран мандатот за пратеник, согласно член 153 од Изборниот законик“, вели Африм Гаши, претседател на Собранието. 

Според член 153 од Изборниот законик, Државната изборна комисија (ДИК) во рок од три дена од престанокот на мандатот на пратеникот, треба да го извести наредниот кандидат од листата. А, комисијата на денешната седница информираше дека наредните кандидати од листата веќе ги известиле дека го прифаќаат мандатот за пратеник во Собранието.

ДИК го усвои извештајот и го испрати до Собрание, за понатамошна верификација на мандатите.

„Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за остатокот од мандатот согласно член 153, став 1 и член 153-а, став 1 од Изборниот законик, стануваат Александра Николовска од листата на кандидатите за пратеници за ИЕ 1, на овластениот подносител коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски од листата на кандидати за ИЕ1 на ВМРО-ДПМНЕ и Мито Андонов од листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4“, вели Борис Кондарко, претседател на ДИК. 

Во делот на функционери кои ги заменуваат фотелјите, покрај пратениците е и еден вицепремиер и министер за животна средина – Изет Меџити. Избран е за нов градоначалник на Општина Чаир, а сѐ уште не е познато името на неговиот наследник во Владата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе