Позиционирањето во првиот круг беше поголемо изненадување, во принцип немаше многу големи изненадувања, рече Илија Димовски, поранешен пратеник во Собранието, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Она што во вториот круг се очекуваше како резултат беше, веројатно, како ќе завршат изборите во Карпош, како ќе завршат изборите во Кичево. Другите општини и градот Скопје беа извесни со своите резултати“, рече Димовски.
Се е важно, додаде тој, „важно е какви ќе бидат резултатите на избраните градоначалници, базично“.
„Но, ако ме прашувате како член на ВМРО-ДПМНЕ, емотивно, можеби победата во Кичево можеби има огромно значење и за мене и веројатно и за сите кои се дел од таа политичка партија“, истакна Димовски.
С.Д.
