Излезноста на граѓаните во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија. Од досега обработените податоци, до 15 часот гласале 275.034 граѓани.
Одѕивот е помал споредбено со првиот круг кога до 15 часот излезноста беше 31,16 отсто. Најголема излезност е забележана во општината Крушево, каде гласале 50,22 отсто од запишаните избирачи, а по него е Пробиштип со 49,04 отсто, Росоман со 48,14 отсто и Демир Капија со 46,19 отсто.
Најмал интерес за гласање има во општините Сарај со само 6 отсто и Чаир со 8,83 отсто излезност. Денеска се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани на 1.771 избирачко место.
T.Д.
