Вести Македонија Најважни

Несобрано ѓубре во главниот град, тендери во Комунална хигиена- што содржи истрага за уапсениот директор Рустеми, а Арсовска вели дека се сее страв пред вториот круг

Попладнево, пред 14 часот, полицајци му ставиле лисици на директорот на Комунална Хигиена Сабахaдин Рустеми во седиштето на Јавното претпријатие по што тој е префрлен во полициската станица Гази Баба.

Дел од вработените кои биле во зградата го виделе апсењето. Заедно со Рустеми е уапсен и Аки Саити, раководител на секторот за управување со отпад. Осомничени се поради несобирање на сметот и ѓубрето по главниот град. По приведувањето, во станицата почнаа да течат 24 часа за подготовка на кривична пријава за состојбата кога Скопје беше затрупано со ѓубре, а се појавија и стаорци.

„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик, „загрозување на животна средина и природата со отпадни материи“, соопштуваат од Обвинителството.

Предистрагата беше отворена минатата недела, а од извори во истрагата, Телма дознава дека полицијата требало уште во петок да изврши претреси во претпријатието Комунална Хигиена, но не успеале да ги соеберат сите документи и заклучоци на Управниот одбор на Комунална со кои биле упатувани барања до сега упасениот директор. Полицијата и обвинителството добиле и информации и од општините за неподигање и неизнесување на сметот. Дополнително биле разгледувани и документи за тендери за набавки во претпријатието.

Градоначалничката на Скопје која има уште неполна недела до избор на нејзиниот наследник преку „Фејсбук“, со како што тврдат од град Скопје, иронична објава, апсењето го нарече сеење страв и заштита на осудената претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена.

„Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат. Претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО“, напиша Данела Арсовска на својот „Фејсбук“ профил.

Состојбата со ѓубрето стана главна тема за локалните избори во главниот град и беа употребувани и камиони од едни општини за да кандидати од други општини се промовираат дека чистат. Но, и ДИК и ДКСК се прогласија за ненадлежни за овој нов вид кампања.

Од друга страна пак Комунална Хигиена додека полицијата го апсеше директорот Рустеми објави пост на „Фејсбук“ со кој тврди дека минатата недела собрале 2,2 милиони килограми ѓубре низ Скопје и дека работеле по оперативниот план со измана на опремата за чистење. Рустеми според податоците на веб сајтот на ДКСК, за директор е избран во јануари, а на сајтот на Антикорупциска стои дека уапсениот е директор на Јавно комунално претпријатие ГАЗИ БАБА-2007 Скопје и зема плата од 60.001 денари.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе