Ревизијата што ја спроведе Државниот завод за ревизија покажува дека една од најскапите и инвестиции во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“е „Аква паркот“ кој годинава не работи, а минатата година остварил приходи што биле за 41% пониски од планираното. Ревизијата даде мислење за финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законите.
„Аква Парк“
Согласно Финансискиот план за 2023 година, очекуваниот приход од работата на „Аква паркот“ бил предвиден во износ од 7.250 илјади денари, додека вкупниот остварен приход за таа година изнесува 4.290 илјади денари, што е за 41% помалку од планираниот. Во 2024 година „Аква паркот“ е затворен и друштвото не реализира приходи по овој основ. Како причина за оваа состојба наведена е економската неисплатливост од работата на „Аква паркот“, како и истечениот гарантен рок од 10 години на вградените реквизити/опрема и инсталации32 во кој период изведувачите гарантираат за
квалитетот на изведените работи. Во меѓувреме, приходите од другите делови на центарот – базенот, кугланата и лизгалиштето – продолжиле да растат. Податоците од Ревизорскиот извештај покажуваат дека останатите спортско-рекреативни објекти во рамки на „Борис Трајковски“ бележат континуиран пораст на посетеност и приходи, а „Аква паркот“ кој треба да носи приход тој е неликвидна обврска.
„Соларен систем“
Ревизорите укажуваат и на неизвесноста околу соларниот систем за загревање на пливачкиот базен, кој не е во функција поради технички недостатоци. За набавката на овој систем, друштвото исплатило речиси 26 милиони денари, а неговата сегашна книговодствена вредност е само 2,85 милиони денари.
„Паркинг простор“
Пропуштена е и можност за остварување приходи од стопанисување со паркингот. Иако друштвото има право да го користи, со години наназад не наплаќа за паркирање.
Извештај за самиот на ОБСЕ
Извештајот уште укажува и на тоа дека иако Спортскиот Центар Борис Трајковски беше местото каде се одржа самиот на ОБСЕ ревизијата покажува дека по завршување на самитот не се знае што точно е изведено, што инсталирано и оставено како трајна вредност во центарот. Односно МНР и друштвото склучиле Договор за соработка 35 во којшто меѓу другото е договорено двете страни да подготват заедничка Информација за Владата за одобрување на Предлог – одобрување на
дополнителни финансиски средства за друштвото. Финансиските средства биле потребни за регулирање на загубите во работење на друштвото поради активностите поврзани со одржување на Конференцијата36. По добиените задолженија од Владата, како и согласно член 4 од склучениот Договор за соработка, било извршено внатрешната адаптација и надворешнотоуредување од страна на МНР, по претходно спроведени постапки за доделување на договори за јавни набавки37.
Со извршената ревизија утврдено е дека од страна на МНР и друштвото во август 2023 година изготвена е Пресметка и по нејзиното усвојување на 209- та седница на Владата, МНР било задолжено од сопствениот буџет и од неискористените средства за одобрениот буџет за Конференцијата да му ги надомести очекуваните финансиски загуби на друштвото во износ од 21.405 илјади денари. На крајот на 2023 година евидентиран е прилив на средства по
тој основ. Исто така, ревизијата смета за потребно да истакне дека согласно член 4 од
Договорот за соработка, уредено било, по завршување на Конференцијата, заклучно со 25.12.2023 година, друштвото да се врати во целосна првобитна функционална состојба. Со член 7 од Договорот пропишано е, по завршување на договорот, МНР да ги остави во владение изведените работи и инсталирани добра кои ќе се утврдат со записник со вклучена набавна
вредност на истите. Сѐ до моментот на известувањето за спроведената ревизијата не се доставени
записници од МНР за потврдување на изведените работи и инсталирани добра
кои останале во владение на друштвото. Од доставената документација се констатира дека во текот на 2024 година со писмено барање и комуникација по електронски пат друштвото во неколку наврати се обратило до МНР40 со барање за надминување на состојбата, но сѐ уште останува
неизвесно што се случило со изведените работи и инсталираните добра. Важно е да се напомене и дека ДКСК во 2023 и 2024 година постапувала по предмет оформен по сопствена иницијатива, а потоа и од познат подносител, во врска со јавно изнесени сомневања за незаконски спроведена постапка за јавна набавка за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортски центар Борис Трајковски од страна на МНР.
Државата го плаќала долгот за изградаба на центарот
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е изграден во 2011 година преку задолжување на „Град Скопје“со заем во износ од 260 милиони денари. Договорено било овој износ да се враќа во три еднакви месечни рати уште истата година, но слабата финансиска кондиција на управителот го направила тоа невозможна мисија. Наместо во 2011, исплатата започнала дури во 2019 година, осум години подоцна. Центарот работел со загуба, а ликвидноста била нарушена. Од 2019 до 2022 година, не успеал самостојно да генерира доволно средства за да го враќа долгот, па наместо тоа, целата обврска паднала на товар на државниот Буџет. Министерството за финансии го зголемило основниот влог на државата во друштвото, и со тоа ги покрило сите три рати. Последната била исплатена дури во 2023 година.

Ревизијата укажува и на тоа дека БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ, во изминатиот период
во континуитет склучува анекси кон договорите за закуп, кои се однесуваат на
продолжување на рокот на важност на договорите, без да прави повторна
процена на пазарната вредност на недвижниот имот. Со анализа на законските одредби во текот на
ревизијата утврдени се слабости во законската регулатива. Состојбите неповолно влијаат на остварениот приход по основ на закуп на деловни простории, особено ако се земе во предвид атрактивната локација на која истите се наоѓаат, како и фактот дека пазарната вредност
на недвижностите во државата постојано расте. Поради тоа, со извршената ревизија се посочува да се направи преиспитување на законските одредби во делот на условите, начинот и постапката за давање под закуп на деловните простории и зголемување на ефикасноста на електронското
јавно наддавање.
