Словачкиотт поет Иван Штрпка е годинашен добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2025. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 21 до 25 август.
Делата на словачкиот поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка, добитник на повеќе книжевни награди се преведени на повеќе европски јазици. Во своето творештво Штрпка ги опејува бројните аспекти на човечката состојба, неговото пеење е непретенциозно суптилно, неговите поетски описи и секвенци се полни подробности и секоја песна е мала кутија со подвижни слики, сегменти и филмски епизоди, забележа академик Ќулавкова.
- Уште од самиот почеток Штрпка покажува интерес за големите теми на современата цивилизација поврзани со моралните, идентитетските и естетските вредности, како и со ангажманот на писателот. Тој негов интерес за човечката егзистенција се изразува во песните на мошне конкретен начин низ слики од секојдневието низ фрагменти со кои што ги доловува меѓучовечките односи, односите меѓу мажот и жената, меѓу индивидуата и општеството, меѓу телесното и емоционалното- акад. Катица Ќулавкова.
- За пишувањето поезија рекол: пишувањето е процес во кој постојано постојам. Човекот треба да пишува не само за да избегне бесчувствителност и лудило, туку и да му помогне во неговиот напор да го развие светот на сопствената перцепција и да му даде артикулација – Елизабет Барануаи Кукунешоска, претседателка на Управниот одбор на СВП.
Годинашен добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2025, која што Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е полскиот поет Матеуш Шимчик за неговата збирка „Потребни се извори“.
Нина Стефанова