Спорт Фудбал

Вардар го отвори зимскиот преоден рок: Се засили со дефанзивец од Шкупи

Фудбалскиот клуб Вардар почнува со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот македонски колектив е словачкиот интернационалец Михал Пинтер.

Се работи за 30-годишен централен дефанзивец, кој досега настапуваше за градскиот ривал Шкупи. Пинтер има одиграно 42 натпревари во Првата македонска фудбалска лига во редовите на чаирчани.

Во Словачка има играно за Злате Моравце и Татран, а изминатата полусезона настапи на 11 натпревари за Шкупи и забележа две асистенции.

Пинтер е првото зимско засилување за Вардар, кој се очекува да направи голема реконструкција во ростерот со оглед на очајните резултати во есенскиот дел по кој тимот е на претпоследната позиција на табелата со само 13 бодови. Овој преоден рок ќе биде прв под раководство на новиот сопственик Атила Жалили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе