Кошарка Спорт

Јокиќ тивок, но Денвер без проблеми против Клиперс (ВИДЕО)

Денвер ги победи Лос Анџелес клиперс со 120-98 во рамки на еден од најинтересните натпревари во НБА-лигата утринава. Никола Јокиќ иако на претходните два натпревари постигна 56 и 48 поени, синоќа беше доста тивок со само 16 поени и седум скока, но Нагетс лесно го победија тимот од Лос Анџелес. Кај Клиперс, Кевин Портер Јуниор и Норман Пауел имаа по 16 поени.

Најдобриот тим во лигата, Кливленд славеше против најслабиот Вашингтон со 115-105. Дариус Гарланд со 24 поени беше најефикасен кај Кавалирс со 24 поени, Џерет Ален имаше 21, а Донован Мичел постигна 20 поени.

Лос Анџелес лејкерс загубија на гостувањето кај Минесота со 97-87. Ентони Едвардс имаше 23 поени за домашниот тим, додека во редовите на гостите, кои беа без Леброн Џејмс, најефикасен беше Ентони Дејвис со 23 поени и 11 скока.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Филаделфија – Индијана 107-121
Чикаго – Шарлот 109-95
Мемфис – Бруклин 135-119
Јута – Феникс 126-134
Портланд – Сан Антонио 116-118

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Конте потврди: Кварацхелија сака да си замине

Дејан Дејан

Вардар почна со подготовки, Комити го блокираа тренинг-кампот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе