Спорт Фудбал

Македонските фудбалери утре ќе ги добијат ривалите во квалификациите за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација утре на пладне ќе ги дознае ривалите во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Нашата селекција се наоѓа во третиот квалитативен барабан.

Ждрепката за квалификациските групи за претстојниот Мундијал е закажана за утре (13 декември) во Цирих, Швајцарија со почеток од 12 часот. Сите квалитативни барабани беа потврдени по завршувањето на Лигата на нации во ноември.

Македонската фудбалска репрезентација ждрепката ја чека од третиот квалитативен барабан заедно со селекциите на Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел. Овие репрезентации не можат да ни бидат ривали во групата.

Ќе бидат извлечени 12 квалификациски групи, некои ќе бидат со четири селекции, некои со пет. Само победниците на групите ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство во 2026 година, додека 12-те второпласирани тимови ќе играат бараж заедно со четирите најдобри селекции од Лигата на нации, кои не биле помеѓу првите две во квалификациите. Ова значи дека уште четири европски репрезентации ќе обезбедат место на Мундијалот, односно вкупно 16 од Стариот континент.

Натпреварите стартуваат во март 2025 година, а ќе траат до март 2026 година.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе