Кошарка Спорт

Хјустон и Атланта се последните полуфиналисти во НБА-купот (ВИДЕО)

Хјустон ја прекина губитничката низа од 15 порази по ред против Голден Стејт и утринава славеше со 91-90 за да се пласира во полуфиналето во НБА-купот.

Џејлен Грин погоди две слободни фрлања на 3,5 секунди до крајот на натпреварот и ја осигура победата, бидејќи Вориорс не реализираа во последниот напад. Алперен Шенгун со 26 поени и 11 скока беше најдобар во редовите на Рокетс, додека кај Вориорс најмногу се истакна Џонатан Куминга со 20 поени, а Стеф Кари имаше еден помалку. Во полуфиналето во сабота во Лас Вегас, Хјустон ќе ги одмери силите со Оклахома.

Атланта го победи Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ со 100-108 за место на завршниот турнир во Купот. Тре Јанг имаше 22 поени и 11 асистенции за Хокс, Деандре Хантер имаше 24 поени, а Џејлен Џонсон 21 поен и 15 скока. Џош Харт со 21 поен беше најефикасен во редовите на Никс.

Во полуфиналето, Атланта ќе се соочи со Милвоки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе