Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2034 година, додека четири години претходно турнирот ќе се игра на три континенти во вкупно шест земји.
Саудиска Арабија ќе продолжи со силните инвестиции во фудбалот откако денеска и официјално беше потврдена како домаќин на Светското првенство во 2034 година на последниот конгрес на ФИФА што се одржа онлајн. Саудиска Арабија немаше противкандидат откако Австралија уште пред неколку месеци објави дека нема да испрати апликација за организација на Мундијалот. Интересно е тоа што арапската земја пријави 15 стадиони за турнирот, но досега има изградено само четири.
Турнирот во 2030 година ќе се одржи во вкупно шест земји и тоа на три континенти, а и оваа кандидатура немаше противник. Првиот натпревар на Светското првенство ќе се одигра во Монтевидео, Уругвај во чест на 100-годишнината од првиот Мундијал одржан токму во уругвајскиот главен град. Вториот и третиот натпревар ќе се играат во Аргентина и Парагвај, а потоа Светското првенство ќе продолжи Шпанија, Португалија и Мароко, кои се главните организатори на турнирот.
За потсетување во 2026 година, САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на најголемиот фудбалски настан.