Ракомет Спорт

Кастратовиќ во Куќата на славните на ЕХФ

Европската ракометна федерација ги објави имињата на 21 легенда во машка и женска конкуренција кои ќе бидат промовирани во нови членови на куќата на славните, а меѓу нив има една македонската легенда.

Поранешната репрезентативка на Македонија и член на генерацијата која триумфираше во Лигата на шампионите, Индира Кастратовиќ е на листата на новите членови на Куќата на славните.

Листата ја промовираше првиот човек на Европскиот ракомет, Михаел Видерер, а гала свеченоста ќе се одржи на 14 овој месец во Виена.

Покрај Кастратовиќ на листата е поранешната голманка на Кометал Ѓорче Петров, Луминица Хутупан Дину. Меѓу оние кои ќе го добијат ова престижно признание се уште Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Ања Андерсен, Љубомир Врањеш, Анди Шмит, Стафан Олсон, Марта Манге, Лик Абало, Иван Чупиќ, Дејан Периќ, Игор Вори и Виран Морос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе