Спорт Фудбал

(Видео) Драма во Фиренца: Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен

Фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове колабираше за време на натпреварот со Интер што се играше денеска во рамки на Серија А. Младиот италијански фудбалер итно беше пренесен во болница.

Бове колабираше во 17-тата минута од натпреварот, кога играчите на теренот почнаа да ја повикуваат итната медицинска помош. Фудбалерот кој има само 22 години по укажаната прва помош со амбулатно возило беше пренесен во болница. Според првичните информации, Бове се наоѓа во стабилна состојба и диши самостојно.


Натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер веднаш беше прекинат и ќе се доигра на друг датум.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе