Ракомет Спорт

Ракометната федерација исплати премии во висина од 5 милиони денари

Ракометната федерација на Македонија денеска испати премии во висина од 5 милиони денари за три репрезентации кои обезбедија пласман, односно играа на големите меѓународни натпреварувања.

Машката сениорска ракометна репрезентација ја доби ветената премија од 2 милиони денари за пласманот на Светското првенство 2025 година што ќе се одржи во јануари во Хрватска, Норвешка и Данска. Ракометарите во мајскиот бараж ја елиминираа селекцијата на Фарски Острови на патот до Мундијалот.

Идентична парична награда од 2 милиони денари ќе добијат и ракометарките, кои обезбедија пласман на претстојното Европско првенство 2024 година што ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија. Женскиот национален тим во квалификациската група заврши на второто место, а на континенталниот турнир ќе се соочат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска.

Премија од 1милион денари добија и машката репрезентација до 20 години, која изминатото лето го освои 9.место на Европското првенство што се одржа во Словенија. Со овој успех, младите ракометари идното лето ќе играат и на Светското првенство до 21 година што ќе се одржи во Полска.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

Дејан Дејан

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе