Интер Мајами предводен од Лионел Меси како најголем фаворит за титулата во МЛС-лигата испадна во рамки на 2.рунда од плејофот од тимот на Атланта.
Дрим тимот од Флорида ја загуби мајсторката на домашен терен со 2-3. Рохас ги доведе домашните во водство во 17.минута, но гостите од Атланта направија пресврт со двата гола на Тиаре. Лионел Меси потоа во 65.минута израмни на 2-2, но Атланта преку Бартош Слиш ја обезбеди победата во 76.минута.
Мајами кој во составот освен Меси ги има и поранешните ѕвезди на Барселона, Луис Суарез, Серхио Бускец и Жорди Алба, беше тимот со најдобар ефект во регуларниот дел од сезоната. Го прескокна првото коло во плејофот, но се сопна во второто. Во рамки на четвртфиналето, Атланта ќе игра против Орландо.