Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Вардар триумфираше против Шкупи, деби на Седлоски со победа

Во дербито на 14. коло во домашниот фудбалски шампионат Вардар го совлада Шкупи со 3:2 и ја забележа третата победа во досегашниот тек од сезоната.

На дуелот на арената Тодор Проески поведоа гостите со погодокот на Јумеми Канда уште во 10. минута. Во 31. Горан Закариќ израмни на 1:1, а на пет минути пред крајот на првиот дел Христијан Николовски му донесе предност на Вардар од 2:1.

Во 76. минута Џемал Ибиши израмнува на 2:2, а конечниот резултат го постави капитенот Дарко Мицевски со погодокот постигнат на седум минути пред крајот на средбата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

Дејан Дејан

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе