Селекторот на фудбалската репрезентација на Летонија, Паоло Николато го објави списокот на играчи кои се во конкуренција за последните два дуели од овој циклус во Лигата на нации.
Николато ќе смета истите играчи кои пред еден месец беа дел од националниот тим плус 22-годишниот Оскарс Виентиес кој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната.
Летонија во првиот дуел на 14 ноември во Скопје и гостува на Македонија, а потоа на пред своите навивачи во Рига ќе се соочи со Ерменија.
СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ
ГОЛМАНИ: Рихардс Матревикс (Рига), Френкс Орлос (Даугаваплис), Кришјанс Звиердис (Ауда)
ОДБРАНА: Каспарс Дубра (Паневезис, Литванија), Антонијс Черномордиј (Рига), Равис Јурковскис (Рига), Робертс Саваинекис (РФС), Виталијс Јагодинскис (Висака, Камбоџа), Даниелс Балодис (РФС), Максимс Тонишевс (Вамеира), Емилс Бирка (Валмиера), Оскарс Виентиес (Мета)
СРЕДЕН РЕД: Јанис Икауниекс (РФС), Кристерс Тоберс (Грасхоперс, Швајцарија), Андрејс Циканкис (Луцерн, Швајцарија), Алвис Јануземс (Стал Мјелец, Полска), Алексејс Савељевс (Ауда), Едуардс Дашкевичс (Рига), Димитријс Зеленковс (РФС), Лукас Вапне (Валмиера), Рнарс Варславанс (Валмиера), Денис Меиникис (Ауда)
НАПАД: Робертс Улдрикис (Калитеа, Грција), Владиславс Гутковскис (Даејеон, Јужна Кореа), Дарио Шитс (Хелмондс, Холандија)
ФОТО: Игор Паневски