Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=7
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од регионот ќе има услови за краткотраен пороен дожд.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16°C, а максималната од 25 до 32°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
4 Лазарополе, 5 Берово, 6 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, Охрид, Битола, Крушево, 10 Скопје-Петровец, Демир Капија, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, 11 Виница, Куманово, Велес, 12 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, Гевгелија, Кавадарци.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
7 Дебар, 4 Крушево, Виница, 2 Струмица, 1 Лазарополе.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 24.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
