Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 16°C, а максималната од 19 до 27°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
5 Лазарополе, 6 Берово, Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, 10 Тетово, Крушево, 11 Скопје–Петровец, Струмица, Претор, 12 Скопје–Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Дебар, Куманово, Штип, Виница, 13 Демир Капија, Кавадарци, 14 Велес, 15 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
4 Крушево, 1 Пожаране, Тополчани.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 18.0, Преспанско Езеро 15.5, Дојранско Езеро 23.6.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/