Вести Спорт

Отворена изложба за Паоло Роси- златното момче на италијанскиот фудбал

Во објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија, отворена е изложба за легендата на италијанскиот и воопшто светски фудбал , Паоло Роси, кој почина 2020 година на 64- годишна возраст. Неговите три гола кои што завршија во мрежата на бразилската репрезентација, ѝ донесоа победа на Италија 1982 година, на Мундијалот во Шпанија . Животот и кариерата на златното момче, како што го нарече италијанската нација Роси, поради освоените  „Златна топка“ и „ Златна копачка“, од денеска до 21 април е на увид на македонската јавност, преку изложбата со 500 експонати. Тие фрлаат светлина и врз постигнувањата на други светски шампиони во фудбал.

  • Низ изложбата ќе можете повторно да го одживеете животот на овој играч, започнувајќи од првиот автобуски билет, купен за да оди да тренира фудбал до „ Златниот куп“. Сите тие предмети се изложени од мојата лева страна. Од мојата десна страна, со поставката сакаме да им оддадеме почит на сите светски шампиони, кои од 1956 година до денес освоиле награда, значи „ Златна топка “, кажа Марко Скембри, директор на Фондацијата „ Паоло Роси“.
  • Навистина ми е драго што успеавме после Белград и Тирана , да ја донесеме оваа изложба во Скопје. Затоа што Паоло Роси е одличен пример за позитивните вредности кои што сакаме да ги пренесеме. А, тоа се пријателството меѓу народите, големите вредности. Паоло беше човек- пример за големи вредности и како фудбалски играч и како човек. Ние се обидовме да ги одбереме и другите фудбалски легенди, како пример за младите спортисти и за младите, воопшто, кажа Фредерика Капетели, поранешна сопруга на Паоло Роси и претседателка на женската италијанска фудбалска дивизија FIGC.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе