Вести Спорт

Чави назначен за амбасадор на фондацијата на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави, е назначен за амбасадор на фондацијата на актуелниот шпански првак, соопшти каталонскиот клуб.

„Тоа е признание за хуманоста и грижливата природа на Чави, кој е во клубот 29 години. Тој порасна во Ла Масија, играше за тимот, а потоа се врати како тренер на првиот тим. Чави е секогаш подготвен да поддржува различни хуманитарни и добротворни зафати, вклучително и учество на бројни настани и програми на нашата фондација“, објави каталонскиот клуб на официјалната веб-страница.

Чави во неколку наврати истакна дека Барса прави сè што е можно за да ги промени животите на многу луѓе.

Чави седна на клупата на Барселона во ноември 2021 година, а неодамна најави дека ќе ја напушти клупата на каталонскиот гигант на крајот од сезоната 2023-2024

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе