Дресот на Германската фудбалска репрезентација за престојното европско првенство во Германија наиде на лавина реакции на социјалните медиуми по неговата официјална промоција од Адидас.
Причината за тоа е наликот на бројот 44 на логото на нацистичката организација СС поради што истиот е повлечен од продажба и нема ниту еден фудбалер да го носи на континенталниот собир ова лето.
Како компанија, ние активно се спротивставуваме на ксенофобијата, антисемитизмот, насилството и омразата во која било форма, изјави портпаролот на Адидас Оливер Бруген.
Во своето соопштение пак Германската фудбалска федерација (ДФБ) изјави дека при проверката на бројките, ниту една од страните не видела блискост со нацистичките симболи.