Сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за појава на слаб локален дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен до северозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, со услови за слаб локален дожд попладне и со слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максималната од 14 до 21°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Крива Паланка, Маврови Анови. 4 Крушево, 5 Берово, 6 Ѓуриште, Охрид, Претор, Тополчани, 7 Битола, Прилеп, 8 Тетово, Скопје – Петровец, Штип, Демир Капија, Виница, Велес, Кавадарци, 9 Скопје – Зајчев Рид, Струмица, 10 Гевгелија, Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
5 Прилеп, 4 Крушево, 2 Попова Шапка, Скопје – Петровец, Пожаране, Тополчани, Битола, 1 Лазарополе.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 12.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
